Не може да живееме без дигитализација
Дигиталната трансформација започнува со прифаќање на брзите промени. Покрај ова во Македонија предизвик се финансиите и соодветниот кадар, но позитивното е што има место за подобрување. Ова се дел од пораките на конференцијата на МАСИТ, „Дигитална трансформација во Македонија: предизвик или реалност“.