Заев: договор со опозицијата или предвремени избори
Заев рече дека постои капацитет за одржување предвремени избори кои се последна опција доколку не се постигне договор.
„Се надевам дека ќе се договориме. Процесите не можат да бидат замрзнати и да стојат на место, работите мора да се движат напред“, рече Заев.
Тој додаде дека изборите ќе се случат брзо доколку не се постигне договор, односно до крајот на ноември, како што наведе и вчера по завршувањето на гласањето за референдумот.