МОСТ: глaсањето на референдумот помина без поголеми проблеми
Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов на денешна прес-конференција изјави дека крајот на денот на гласањето на мал број гласачки места биле забележани тензии и одредени дејствија кои, како што рече, не може да се окарактеризираат како системски, туку како изолирани и поради тоа немаат влијание врз резултатот од гласањето.
Алексов нагласи дека изборната администрација одговорила на задачата, дека избирачките одбори биле добро подготвени, а регистрацијата на набљудувачите на МОСТ поминала без проблеми.
„Во текот на денот набљудувачите во неколку наврати јавија за случаи на пропаганден материјал пред гласачките места кои во најголем дел по интервенција на полицијата беа отстранети, рече Алексов додавајќи дека биле забележани поединечни случаи на непроверување на палецот со УВ-лампа, непроверување на документите за идентификација, како и необележување со мастило. Исто така тој рече дека биле забележани и случаи на групно, односно семејно гласање, но станува збор за мали и изолирани случаи.