Столтенберг: Договорот со Грција е единствениот пат до НАТО
Непосредно пред стартот на состанокот на министрите за одбрана на членките на НАТО, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, порача уште еднаш дека Договорот со Грција е единствен пат за влез во оваа и други организации, но дека земјата суверено треба да одлучи дали и како тоа ќе го стори, преку Собрание или предвремени избори.
”Нема алтернативен пат за влез во НАТО без заеднички договорено решение со Грција. Токму поради тоа го поздравив Договорот со Грција и целосно ја поддржувам неговата имплементација”, рече Столтенберг.
Тој посочи дека компромисот со Грција и влезот во НАТО ќе биде голема предност за Македонија и за регионот и потсети на бенефитите што ги донело членството во НАТО за Црна Гора.
“Откако Црна Гора се зачлени, двојно се поголеми инвестициите од сојузниците во оваа земја и се надевам дека ќе можеме да го видиме истиот развој во ПЈРМ, доколку помине Договорот”, истакна шефот на Алијансата.