Меј: Брегзит без договор ќе биде лош и за ЕУ и за Обединетото Кралство
Британската премиерка Тереза Меј денеска оцени дека евенталното излегување на Велика Британија од ЕУ без договор ќе претставува „лош резултат“ како за Лондон, така и за 27-те земји членки на Унијата.
Меј во обраќање на крајот на четиридневната годишна Конференција на нејзината владејачка Конзервативна партија во Бирмингем, оцени дека преговорите за Брегзит влегуваат во клучна фаза и ги повика сопартијците да се обединат и да ја поддржат во постигнувањето договор со ЕУ . Британската премиерка обраќајќи се кон нејзините критичари во редовите на партијата порача дека доколку сите тргнат во различен правец, постои ризик процесот да заврши без него.
„Велика Британија не се плаши ако треба да ја напушти ЕУ без договор. Но да бидеме чесни. Ако ја напуштиме ЕУ без договор, ако воведеме царини и контроли на копнените граници, тоа ќе биде лош резултат и за ЕУ и за Обединетото Кралство“, изјави Меј.