Регионални избори во Полска
Во Полска денеска се одржуваат регионални избори, на кои се очекува најмногу гласови да добијат кандидатите на владејачката десничарска евроскептична партија Право и правда, чии националиситчка реторика и правосудни реформи доведоа до тензии во односите меѓу Варшава и Брисел. ПиС дојде на власт во 2015 година со ветување за издвојување поголеми средства за социјални програми, за заштита на традиционалните вредност и за поголемо влијание на државата во економијата. И покрај обвинувањата од ЕУ дека полската влада ги крши принципите на владеењето на правото, владејачката ПиС и натаму е најпопуларна политичка партија во Полска. Сепак, ПиС досега ја имаше власта само во помал број локални самоуправи и мнозинство само во едно од 18-те регионални собранија.