Вулин: Македонија и Црна Гора се плашат од "Голема Албанија"
Српскиот министер за одбрана Александар Вулин во интервју за весникот „Политика“, изјави дека на идејата за разграничувањето со „Голема Албанија“ најмногу се противат Црна Гора и Македонија.
“Процесот на решавањето на националното прашање на Србите ќе започне кога ќе бидеме раздвоени од Албанците. Време е Србија да почне да мисли само за себе и за својот народ”, порача Вулин, додавајќи дека „што побргу биде воспоставено јасно разграничување со „Голема Албанија“, Србија се повеќе ќе има можности да го сопре нејзиното ширење и да ги зајакне своите позиции.
Како што оценува „на оваа идеја најмногу се противат земјите од регионот-Црна Гора и Македонија, кои го признаа Косово и ја обвинија Србија дека ги предизвикала сите војни и конфликти, а денес се плашат од можноста „Голема Албанија“ да почне да се создава на нивните територии“.