Брегзит без договор е опасност за цел континент, предупредуваат нобеловци
Во писмо кое го потпишале 29 лауреати на Нобелова награда и шестмина добитници на Филдсовиот медал, награда во областа на математиката, ја повикаа британската премиерка Тереза Меј и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, да обезбедат најблиска можна соработка меѓу комисијата и унијата, објави АП.
Научниците од највиоск ранг во цела Европа предупредуваат дека со излегувањето на Велика Британија од Европската Унија без постигнат договор за идните односи, би се нарушиле истражувањата низ целиот континент.
Инситутот „Франсис Крик“, кој е најголема лабораторија на биомедицински истражувања во Европа, со седиште во Лондон, исто така предупредува дека Брегзит без договор би можел да им наштети на истражувањата.
Истражувањето, во кое учествуваа повеќе од 1.000 вработени, открило дека 97 проценти од нив сметаат оти тврд брегзит ќе нанесе штета на британската наука.