СЈО нема дадено согласност за враќање на пасошот на Сашо Мијалков
Специјалното јавно обвинителство нема дадено согласност за враќање на пасошот на Сашо Мијалков, информираат од СЈО, јавува МИА наведувајќи оти претходно и од Основниот суд Скопје 1 потврдиле дека Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на Сашо Мијалков.
„Во однос на информациите поврзани со лицето С.М обвинето во повеќе предмети на СЈО од Основниот суд Скопје 1 информираме дека Кривичниот совет при овој суд воопшто не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на посоченото лице и оти информациите пуштени во јавност се апсолутно неточни“, велат од Основниот суд Скоје 1.
Коментарите доаѓаат откако некои портали објавија дека на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков му е вратен пасошот.