Шест загинати при судир меѓу комбе и камион во Пакистан
Шест луѓе загинаа при судр на камион и комбе кое носело бензин во југозападен Пакистан, при што горивото се запалило, велат локални официјални претставници.
Полицаецот Абдула Ринд изјави дека три други лица претрпеле сериозни изгореници во денешниот судир на автопатот во провинцијата Балучистан.
Паравоените сили пристигнаа на местото на несреќата и помогнаа огнот да се доведе под контрола.
Во комбето, кое патувало од провинцискиот главен град Квета, бил пренесуван шверцуван бензин, вели Ринд.
Провинцијата Балучистан се граничи со Иран, од каде шверцувањето на гориво е честа појава.