ЕК го одби предлогот за буџетот на Италија
С образложение дека планираните расходи ги кршат ветувањата за намалување на јавниот долг и не се во согласност со прописите, Европската комисија го одби предлогот за државниот буџет на Италија за следната година, што е прва ваква одлука досега донесена од Комисијата.
„Комисијата денеска за прв пат е приморана да бара ревизија на предлог буџетот на членка на еврозоната, но не гледаме алтернатива“, изјави нејзиниот потпретседател, Валдис Домбровскис.
Европската комсија побара италијанската влада во рок од три недели да поднесе нов предлог буџет, што дополнително ја зголемува тензијата меѓу Рим и Брисел.