Рангелова: Ни треба проевропско, а не изолирано ВМРО-ДПМНЕ
По реакциите на поранешни и сегашни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Мијалков, Никола Тодоров и Митко Јанчев, а по чистката во партијата, се огласи и нивната пратеничка Даниела Рангелва која побара единство на партијата, а не поделби.
„Она што во моментот нас ни треба е едно ВМРО ДПМНЕ, силно, сплотено и единствено, а не поделено и раскарано. Проевроатлански ориентирано, а не изолирано. Ни треба слободна и демократска мисла, а не едноумие и ретроградност. Ни треба политичко делување, а не послушност и сервилност“, напиша Рангелова во честитката по повод Денот на револуционерната борба.