Турција во октомври 2019 ќе започне со инсталирање на системите „С-400“
Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека земјата во октомври следната година ќе започне со инсталирање на руските против ракетни системи „С-400“, објавија државните медиуми.
Новинската агенција „Анадолија“ денеска го цитираше Акар како вели дека одбраниот персонал на почетокот на 2019 година ќе биде испратен во Русија на обука.
Рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“ во август објави дека во 2019 година ќе започне со доставување на напредните системи за воздушна одбрана „С-400“ во Турција.
САД и други земји членки на НАТО изразија загрижување во врска со купувањето на проектилите „С-400.“
САД ја предупреди членката на НАТО, Турција, дека купувањето на системите може да резултира со санкции од страна на Вашингтон и запирање на други постоечки набавки.
Анкара продолжи со договорот, велејќи дека нејзините западни сојузници не успеале да соработуваат со неа во нејзините напори за зајакнување на одбранбените способности.