Телефонски разговор Заев-Столтенберг
Премиерот Зоран Заев денеска имал телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој како што информираат од владината прес служба, изразил поддршка и честитки за успехот во понатамошна имплементација на Договорот од Преспа. Столтенберг, ја поздравил храбрата, голема и државничка одлука на пратениците, и му пренел на премиерот Заев дека во НАТО се среќни што Република Македонија продолжува напред.
“Тој додаде дека во таа насока испраќа честитки и за успешно завршените пристапни разговори за членство во алијансата на 18 и 19 октомври во Брисел, и порача дека НАТО останува фокусиран на завршување на процесот на интеграцијата на земјата во сојузот”, се наведува во соопштението од Владата.
Премиерот Заев истакнал дека одлуката во Собранието на РМ е силен импулс Република Македонија да продолжи силно напред, и дека охрабрувањето, поддршката и пријателството од НАТО сојузниците ќе има позитивно. влијание да се зголеми мнозинството што ја поддржува имплементацијата на Договорот од Преспа.