Романскиот Уставен суд ги запре контроверзните реформи
Романскиот Уставен суд ги отфрли серијата измени во Кривичниот законик, усвоени од страна на владејачките социјалдемократи, а критикувани од страна на Европската унија, дипломати и судии. Измените се дел од правосудните и персоналните промени што социјалдемократите ги спроведуваат откако ја презедоа власта пред две години.
Критичарите оценуваат дека измените се закана за независноста на судството и оти би можеле уште повеќе да ја зајакнат загриженоста на ЕУ за демократските вредности во таа земја. Претходно и Врховниот суд ги отфрли неколкуте измени на Кривичниот законик, но детали за таа одлука ќе бидат објавени подоцна.
Транспаренси Интернешнл ја смета Романија за најкорумпирана земја во ЕУ, а Брисел нејзиниот правосуден систем го чува под посебен надзор од пристапување во Унијата во 2007 година.