САД праќа повеќе од 800 војници на границата со Мексико
Американскиот секретар за одбрана Џим Матис се очекува да потпише наредба за испраќање на најмалку 800 војници на јужната граница со Мексико за да ја поддржат граничната патрола, соопшти американски официјален претставник. Војската треба да помогне во безбедносните операции како одговор на караванот на мигранти, главно од Хондурас, кои преку Мексико се упатија кон границата со САД.
Матис одговара на барањето на американскиот претседател Доналд Трамп кој изјави дека ќе ја пушти војската да се соочи со итна национална ситуација на границата. Дополнителен воен контингент треба да обезбеди логистичка поддршка за граничната патрола, додаде неименуваниот официјален претставник. Тука се вклучени возила, шатори и друга опрема.
На границата веќе има околу 2.000 стражари на Националната гарда кои помагаат да се заштити границата.