Косовската опозиција бара собраниска седница за дијалогот со Србија
Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово Авдулах Хоти најави дека опозицијата ќе поднесе ново барање за одржување на вонредна собраниска седница и усвојување на резолуција со која се бара за прашањето на границите со Косово, да не се расправа на дијалогот со Србија во Брисел, јави дописникот на МИА од Приштина.
Хоти денеска изјави дека ниту еден пратеник во косовското Собрание не ја поддржува идејата на претседателот Хашим Тачи за корекција на границата и нагласи дека е загрижувачко неговото инсистирирање да го реализира својот наум.
“Ние сме загрижени поради постојаното инсистирање на претседателот Тачи, на неуставен начин, без оглед на тоа што ниту еден единствен пратеник не ја поддржува неговата идеја, да ја оствари намерата. Поради тоа, денеска ќе го доставиме новото барање за вонредна седница за усвојување на резолуцијата.