Напаѓачот во Питсбург обвинет по 29 кривични точки
Мажот кој е осомничен дека пукаше во синагога во американската држава Пенсилванија при што загинаа 11 луѓее обвинет по 29 кривични точки. Ова вчера го соопшти обвинителство за 46 годишниот Роберт Бауерс, кој претходно дента влезе во синагогата “Дрво на животот” во Питсбург извикувајќи “сите Евреи мора да умрат”, по што отвори оган.
Најмалку уште шест други луѓе, меѓу кои и четворица полицајци се повредени пред Бауерс да биде уапсен. Властите соопштија дека тој е хоспитализиран поради повреди од пукање. Пред да го стори злосторството тој на Бауерс на социјалните мрежи пишувал статуси со омраза кон Евреите.
Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека ќе оди во Питсбург без да даде дополнителни детали за патувањето. Тој го осуди, како што го нарече делото од омраза, додавајќи дека ваквите случаи треба да добијат смртна казна.