Кожани - под силни безбедносни мерки почна ракометниот натпревар меѓу Македонија и Грција
Ракометната репрезентација на Македонија попладнево во салата во грчкото место Кожани игра против ракометната репрезентација на Грција во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Како што јавуваат медиумите безбедносните мерки се на високо ниво. На дресовите на македонската репрезентација не пишува Македонија, за да се избегнат можните инциденти. На денешниот натрпревар македонската репрезентација се смета за фаворит.