Интернет гигантите ја предупредуваат ЕУ против данокот на дигитални услуги
Во писмото до министрите за финансии од ЕУ, 16 технолошки фирми, меѓу кои Спотифај, Букинг и Заландо, наведуваат дека предложениот данок би ја подрил целта на ЕУ за единствен дигитален пазар и дека би „го оштетил целиот бизнис кој е катализатор на економскиот раст и вработувањата во европската економија“.
Европската комисија го претстави планот во март, барајќи членките на ЕУ да имаат можност да ги даночат компаниите кои заработуваат на нивна територија, иако не се физички присутни таму. На предлогот се гледа како на начин да се принудат технолошките гиганти, како Фејсбук и Гугл, да плаќаат поголеми даноци.