Времето денеска: сончево со мала облачност
Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 7 до 15, а дневната од 12 до 25 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 25 степени.