Русија и западните земји во кавга поради изборите во источна Украина
![Русија и западните земји во кавга поради изборите во источна Украина](https://gdb.rferl.org/F642BC6E-B2FA-456A-9E35-0675F3B1AD9A_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Русија се судри со САД и европските земји во Обединетите нации околу легалноста на изборите во источна Украина која е под контрола на сепаратистите поддржани од Москва. За време на дебатата околу најавените избори во Доњецк и Луганск на 11 ноември, политичкиот шеф на ОН Розмари Ди Карло изјави дека го поддржува ставот на Западот дека со изборите се крши договорот од Минск од 2015 година за мирно решавање на конфликтот во источна Украина. Пред состанокот, европските членки на Советот за безбедност, Франција, Холандија, Полска, Шведска и Британија со заедничка изјава ги осудија изборите и побараа од Москва да изври влијание со цел да ги спречи.