Русија отвори истрага за тероризам по експлозијата во Архангелск
Русија отвори истрага за тероризам по експлозијата во канцелариите на Федералната служба за безбедност во градот Архангелск во северна Русија, во која загина еден човек. Рускиот истражен комитет соопшти дека за нападот е осомничен 17-годишен локален жител, кој е единствениот загинат во експлозијата. Тројца вработени во ФСБ биле ранети.
„Според првичните информации, 17-годишен локален жител, кој ја донел домашно изработената експлозивна направа во зградата, загинал во инцидентот“, се наведува во соопштението.