Борисов за МИА - Стискаме палци и ѝ посакуваме успех на Македонија
Договорот со Бугарија и Договорот со Грција отворија голема перспектива за Македонија, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина, бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој учествуваше на Третиот евро-арапски самит што во изминатите два дена се одржа во грчката престолнина. Борисов порача дека „стискаат палци и ѝ посакуваат успех на Македонија“.
Бугарскиот премиер потенцира дека инфраструктурното поврзување меѓу земјите од Балканот е особено важно, и „колку побрзо се поврземе, толку подобро“.