Османи утре на средба со Катругалос, од Атина се враќа со директен лет
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи утре во Атина ќе се сретне со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, соопштија од кабинетот на вицепремиерот. Од таму наведуваат дека двајцата политичари ќе разговараат за билатералните односи меѓу двете земји, Договорот од Преспа и обврските од него за двете земјии за сите останати прашања од билатерален интерес.
“Вицепремиерот Османи и министерот Катругалос ќе присуствуваат заедно на првиот лет по пауза од повеќе од десет години од Атина за Скопје, при што делегацијата која ја предводи вицепремиерот Османи ќе се врати во земјава со овој лет” се наведува во соопштението.
Како што информираат во него Катругалос симболично ќе го испрати Османи на аеродромот во Атина, а со него во Скопје покрај Османи вечерта ќе слета и министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.