Три години затвор за поранешниот градоначалник на Липљан
Буја беше обвинет за злоупотреба на службената должност зашто на приватната компанија „Њу Цо Фероникел Комплекс Л.Ц.“, во 2008 година и отстапил на десетгодишно користење општинска зграда со кирија од едно евро месечно. Според Обвинителството, на тој начин на Општината и е нанесена материјална штета.
Случајот на Буја во јавноста, но и од меѓународни претставници, често се посочуваше како услов за визна либерализација, бидејќи, како што се наведуваше, со одолговлекувањето на судската одлука се покажуваше недоволна решителност во борбата против корупцијата.
Шукри Буја, поранешен командант на Ослободителната војска на Косово, во минатиот собраниски состав (2014-2017) беше пратеник на владејачката Демократска партија на Косово (ПДК), а актуелно е член на Комисијата за верификување на статусот на ветераните на ОВК и често се споменува во врска со аферата со лажни ветерани.