Се урнаа две згради во Марсеј, нема информации за жртви
Две згради денеска се урнаа во градот Марсеј на југот на Франција, а пожарникарите им укажале помош на двајца случајни минувачи кои биле полесно повредени. Десетици пожарникари со кучиња проверуваат дали има луѓе под урнатините во близина на Старото пристаниште во Марсеј. Едната од зградите имала пет ката, а другата шест. На местото каде што биле зградите сега има куп шут, а околните улици се покриени со прашина.
Локалните власти велат дека зградите биле во многу лоша состојба и дека биле испразнети, но не исклучуваат дека можеби биле користени од бездомници.