Голем удар за владејачката партија во Полска на локалните избори
Според проекциите, проевропската коалиција предводена од Граѓанската платформа треба да освои 28 градови, додека во поголемиот број општини победиле независни кандидати.
Синоќа беше објавено дека опозициската коалиција победила во трката за градоначалник на Краков и на Гдањск, додека во првиот круг на 21 октомври ги освои Варшава, Познањ и Лоѓ.
Резултатите од локалните избори покажуваат длабока поделеност во Полска меѓу градовите, кои се либерални упоришта на опозицијата и конзервативните селски средини, кои се наклонети на владејачката партија, која често е во конфликт со ЕУ и е обвинувана дека со земјата владее авторитарно.
Владејачките конзервативци на изборите за регионални парламенти пред две недели освоија 34 отсто од гласовите, додека опозициската коалиција освои 28 отсто.