Меркел може да соработува со секој што ќе ја наследи
Таа исто така наведе дека ЦДУ е посветена на проблематичната коалиција со социјалдемократите.
Меркел пред една недела објави дека по 18 години ќе го напушти челното место во партијата, но оти сака да остане канцеларка до крајот на мандатот.
За лидерската позиција во ЦДУ веројатно ќе се борат тројца кандидати – генералната секретарка на партијата Анегрет Крамп-Каренбауер, министерот за здравство Јенс Спан и поранешниот шеф на пратеничката група на ЦДУ, Фридрих Мерц.
Меркел во 2002 година го смени Мерц од фунцкијата и многумина се сомневаат дека тие може да соработуваат. Меркел сепак вели дека „несомнено може да соработува со Мерц, како и со секој друг кандидат“.