Кумуцакос – Уставните измени на Заев го прават Договорот од Преспа уште полош
„Предлогот на Заев за ревизија на Уставот на соседната земја го прави уште полош и така лошиот Договор од Преспа. Го задржува членот 36 што не само што го одржува, туку и го поттикнува иредентизмот. Исто така, го потврдува инсистирањето на Скопје за постоење на наводна „македонска нација“. Иако владата го тврди спротивното, треба веднаш да ја разјасни нејзината позиција. Се согласува или не со содржината на предлогот на Заев“, вели Јоргос Кумуцакос, јави дописничката на МИА од Атина.