Курц - Можно е решение на косовското прашање
Во видео-порака објавена на Твитер, Курц порача дека Австрија е тесно поврзана со Западен Балкан на политички, економски, културен и посебно на меѓучовечки план.
По средбата со Вучиќ австрискиот канцелар изрази уверување дека е можно да се дојде до решение на косовското прашање во дијалогот Белград-Приштина и нагласи дека ставот на неговата Влада е оти треба да се поддржи секој договор кој води до долгорочно решение.
Курц од Белград ќе отпатува за Приштина, каде за утре се планирани средби со претседателот и премиерот нма Косово Хашим Тачи и Рамуш Харадинај.