Соботка - Потребни се храбри одлуки, ЕУ ќе ги награди вистинските чекори
Ова денеска во своето обраќање пред македонските пратеници го изјави претседателот на австрискиот Национален совет, Волфганг Соботка, кој е во официјална посета на Република Македонија.
„Македонија во изминатиов период направи одлучувачки чекори кон Европската унија, прво со Договорот за добрососедство со Бугарија, и вториот клучен чекор спогодбата со Грција за решавање на спорот со името. Ја гледаме Македонија на патот што од статус кандидат, на крајот на 2019 да почне со опиплива перспектива со преговори за членство во Унијата“, рече Соботка.
Тој исто така повика на спроведување на реформите.