Збогати се преку ноќ на „Синедејс 2018“
Повеќе од стотина филмови селектирани во неколку програмски целини ќе бидат прикажани на 17. Меѓународен фестивал на европски филм „Синедејс“, кој под мотото „Збогати се преку ноќ“ од 8 до 18 ноември, во организација на Младински културен центар, ќе се одржи во Скопје.