Полицијата се обидува да го најде Груевски
Полицијата вечерва го бара поранешниот премиер Никола Груевски откако доби известување од Основниот суд Скопје 1 дека судски доставувач не може да го пронајде да му врачи решение веднаш да се упати во затвор.
Полицајци и новинарски екипи беа пред зградата во која живее Груевски, но никој не им ја отвори вратата од станот. Дел од новинарските екипи се пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ откако во медиумите се појавија шпекулации дека Груевски се крие таму.
Во моментот кога полицијата ќе го најде, тој присилно ќе биде спроведен во затворот Шутка на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.