Турција носи закон против трговија со органи
Потребата од тој закон произлегува по се позачестените извештаи во медиумите за Турци кои продаваат бубрег на црниот пазар. Според нацрт-законот, се укинува и условот дека треба да се биде во брак најмалку две години за сопругот или сопругата да си донираат или да добијат орган од сопружникот. Исто така е предвидено да се формираат посебни етички комитети во окружните центри каде што има центри за трансплантација.