Претседателот Иванов ќе го посети Кралството Јордан
Негов домаќин ќе биде кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори Ибн Ал Хусеин.
Во рамки на посетата, како што соопшти Кабинетот на Иванов, тој ќе се сретне со премиерот на Кралството Јордан, Омар Разар, со претседателот на Сенатот, Фаисал Ел-Фајез, со спикерот на Претставничкиот дом Атеф Таравнех и со членовите на Претставничкиот дом.
Иванов ќе одржи и предавање во Советот за светски прашања на тема „Балканот, Кавказот и Блискиот Исток: Бермудскиот триаголник на Европа“ и ќе го посети Бирото за дизајн и развој на Кралот Абдула.