Ѕвездан Георгиевски – в.д. претседател на новинарскиот синдикат
„Изборот на в.д. претседател дојде поради тоа што немаше кандидат од членовите на ССНМ за претседател, а раководењето го презема Извршниот одбор“, рече Тамара Чаусидис, која на оваа функција беше во изминатите осум години.
В.д. претседателот Георгиевски потенцираше дека Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници е важна алка не само во остварувањето на новинарските права што произлегуваат од работниот однос и во зголемувањето на социјалниот статус на новинарите, туку и во остварувањето на новинарскиот идеал – слобода на говорот. Без економски и социјални услови нема ниту слободно новинарство, рече тој.
На Собранието беа избрани и назначени новите членови на Извршниот одбор, Надзорниот одбор и членови на Статутарна комисија.