„Викни силно против насилство“ порачаа на Маршот на толеранција
Маршот започна пред Музеј на град Скопје, па преку улица Македонија се до Универзитетот на Југоисточна Европа во Старата чаршија. Со маршот беше одбележан и Меѓународниот ден на толеранцијата 16 ноември. Од Хелсиншкиот комитет порачуваат институциите да го санкционираат насилството од омраза.