Сијарто: Ниедна земја на ЕУ не го покрена прашањето за Груевски
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, по вчерашниот состанок на министрите во ЕУ изјави дека ниеден колега не го покренал прашањето за азилот на екс премиерот Никола Груевски. Сијарто додаде дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски изразил желба да поднесе барање за азил во унгарска амбасада, но владата на Унгарија немала никаква улога во неговото доаѓање. Тој рече дека унгарските власти првпат разбрале за случајот во една од соседните земји во Македонија и дека Груевски целосно законски дошол во Унгарија во согласност со релевантните национални и меѓународни закони и оти сите премини беа легитимни. Унгарските власти, врз основа на безбедносни мерки, одлучиле да го сослушаат неговото барање за азил и тоа во централната канцеларија на Бирото за азиланти во Будимпешта. Како што рече, ниту еден колега од ЕУ не го покренал случајот во понеделникот. Тој, со македонскиот министер за надворешни работи, ќе одржи билатерални разговори на маргините на Самитот на НАТО во Брисел на почетокот од декември.