Две третини од Грците имаат негативно мислење за Договорот од Преспа
Негативно мислење за Договорот од Преспа имаат мнозинството Грци, според политичкиот барометар за месец ноември на грчката агенција за рејтинг „Public issue“ за темите поврзани со надворешната политика, јави дописничката на МИА од Атина.
Во анкетата, 65 отсто од граѓаните одговориле дека се против договорот (57 отсто сигурно против и 8 отсто веројатно против), 17 проценти се за (9 отсто сигурно за и 8 отсто веројатно за), 13 проценти ниту за, ниту против, а 5 отсто од анкетираните се без мислење.
Од агенцијата прават споредба на овие резултати со резултатите од јули годинава. Разликата е многу мала, тогаш, 21 отсто имале позитивен став за Договорот од Преспа (4 проценти повеќе од сега), а против договорот биле 64 отсто (1 процент помалку од сега).