Десетици загинати во самоубиствен напад во Кабул
Во самопубиствен напад на голем собир на авганистански верски свештеници во Кабул, загинаа најмалку 43 луѓе и 83 се ранети, соопштија официјални претставници.
Портпаролот на Министерството за здравство Вахид Маџрох за РСЕ изјави дека 24 од повредените биле во критична состојба по денешната експлозија, која се случи на собир во свадбена сала за одбележување на роденденот на пророкот Мухамед.
Екплозијата беше предизвикана од бомбаш самоубиец, според Наџиб Даниш - портпарол на Министерството за внатрешни работи. Тој рече дека засега бројот на загинати и повредени е повеќе од 50.
Менаџер на хотелот каде се случи експлозијата, за новинската агенција АФП изјави дека самоубицот го активирал експлозивот на средината на собирот.
Талибанците и милитантите на групата на Исламската држава ги напаѓаат муслиманските религиозни наставници, кои порано биле согласни со авганистанската Влада.