САД со санкции против иранско-руска мрежа која обезбедувала нафта за Сирија
Министерството за финансии на САД наметна санкции кон шест лица и три ентитети за кои вели дека биле дел од иранско-руска мрежа која обезбедува милиони барели нафта за владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад и оти ги финансира милитантните групи Хамас и Хесболах.
Канцералијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД денеска соопшти дека Русија ја олеснува испораката на иранска нафта во Сирија и оти користи различни механизми во обид да се прикријат пратките и плаќањата.
„Денес дејствуваме против комплексна шема која ја користат Иран и Русија за да го зајакнат режимот на Асад и да генерираат средства за ирански малигни активности“, вели во соопштението секретарот за финансии на САД Стивен Мнучин.