Дебата за буџетот за 2019- за мнозинството развоен, за опозицијата мегаломански
Вкупните приходи во државната каса, според предлогот за 2019 година се проектирани на 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а стапката на инфлација на 2 проценти. Буџетскиот дефицит е проектиран на 2,5 проценти или 17,7 милијарди денари што е за 500 милиони денари помалку во однос на годинава.
Министерот потенцира дека предлог-Буџетот на Република Македонија за 2019 година е најдобра потврда дека Владата продолжува посветено да работи на постигнувањето на клучните цели и приоритети на општеството: повисоки стапки на економски раст, подобар животен стандард на населението, владеење на правото, повисоко ниво на социјална правда и зачленување во ЕУ и НАТО.
Панче Иванов од СДСМ оцени дека предложениот буџет е развоен, социјален и со поддршка на евроатланските интеграции. Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, пак, смета дека дека предлогот е мегаломански и најголем досега, неразвоен со популистички мерки.