Состанок на Координативното тело за помирување, поканет и Заев
![Состанок на Координативното тело за помирување, поканет и Заев](https://gdb.rferl.org/6F1105BE-F072-4CBA-8786-64A0F38DBE83_w800_h450.jpg)
Собраниската Интерпатиската парламентарна група за интеграција, реформи и помирување денеска треба да го одржи вториот состанок, на кој е поканет премиерот Зоран Заев да ги образложи своите гледишта. На првиот состанок пред два дена членовите на групата постигнаа согласност за формирање три работни подгрупи и за динамиката на работата на ова тело. Трите работни подгрупи се однесуваат за реформи, интеграција и помирување. Овие три работни подгрупи ќе имаат можност и право да ја консултираат стручната јавност за прашањата кои ги дебатираат со што се дава инклузивност на целиот процес.