Захарова: Која е вистинската причина што Трамп го откажа состанокот со Путин?
"Дали провокацијата во близина на Керч, почната од Киев во оваа област, е вистинската причина за откажувањето на состанокот Трамп - Путин? Го слушнавме ова како фицијална верзија и го прифативме тоа. Но дали е тоа вистинската причина? Уверена сум дека ние треба да го побараме одговорот во американската домашна политичка ситуација. Тоа е она што останува доминантно при донесувањето одлуки, внатрешната политичка динамика во Соединетите Американски Држави ", изјави Захарова.