Уште еден министер ја напушти Меј поради Брегзит
Сем Џима, британскиот државен министер за универзитетите и наука, поднесе оставка поради несогласување со планот на премиерката Тереза Меј за Брегзит. Тој е шестиот министер од Кабинетот на Меј кој поднесе оставка заради догвоорот за Брегзит.
Џима на Твитер објави дека нема да го поддржи договорот при гласањето во Парламентот на 11-ти декември.
„Тој договор не ги штити националните интереси на Велика Британија, напиша Џијма на Фејсбук. Тоа значи дека Велика Британија го губи својот глас и право на вето“, напиша Џима, кој смета дека „Меј не треба да исклучува можност за втор референдум за членството на Велика Британија во ЕУ“.