Франција се плаши дека екстремисти се обидуваат да се инфилтрираат во „Жолтите елеци“
Француската полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите во Париз кои се обиделе да ги пробијат безбедносните кордони кај Елисејските полиња, каде движењето „Жолти елеци“ протестира поради покачувањето на цените на горивото.
Француските власти стравуваат дека приврзаниците на крајната десница и левица се обидуваат да се инфилтрираат во движењето „Жолти елеци“ и да предизвикуваат поголеми инциденти.
По денешниот судир со полицијата биле уапсени 16 лица, а „Жолтите елеци“ повторно повикаа на нови протести низ цела Франција.