„Македонија блокира“: Остануваме тука до Нова година
Околу 200 граѓани, кои облечени во жолти елеци, пред Собранието пеат патриотски песни, бараат итна оставка од Владата и најавуваат дека ќе постават шатори пред Парламентот и ќе останат таму да ја дочекаат Нова година. Тие го критикуваа МВР дека со тоа што поставило двојна ограда и ја преместило во поширок круг околу Собранието, ги провоцираат оние кои денеска протестираат против уставните измени.