Почна втората фаза од уставните измени, осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ „воздржани“
Втората фаза од расправата за уставните измени во Парламентот почна со протест на иницијативата „Македонија блокира“ пред Собранието, која е против промена на уставното име од Република Македонија во Република Северна Македонија, што токму денес е на дневен ред пред пратениците.