Г-20: Фокусот врз реформите на Светската трговска организација
Земјите од Г-20 се согласија да се посветат на реформите на Светската трговска организација. Ова се наведува во прелиминарниот нацрт на соопштнието од Самитот на групата, кое на крајот од дводневниот состанок во Буенос Аирес ќе биде објавено целосно, објавија европски официјални претставници.
Според нив, прашањето околу миграцијата и бегалците ќе биде сведено на минимум во нацрт соопштението.